Холивудскиот актер преживеал пекол, а сепак е еден од најхуманите луѓе во светот!!!

Кијану Ривс важи за еден од најчовечните и најпријатни актери во Холивуд. И покрај неговото богатство и светска слава, тој е поприземјен од било кој друг актер, а животот не му бил ни малку лесен.

kianu rivs

Кога Кијану имал само 3 години татко му го напуштил семејството. Постојано се селел, менувал средина и училишта и се борел со депресија. Во 1993 година неговиот најдобар другар Ривер Феникс починал од предозирање на само 23 години. Во 1998 година Кијану ја запозна Џенифер Сајм. Се вљубија и веќе во 1999 таа беше бремена со негова ќерка. Но трагедиите продолжија да се редат - детето во осмиот месец од бременоста се роди, не беше живо. Кијану и Сајм беа прегазени од тага. По 18 месеци Сајм загина во сообраќајна несреќа.

И покрај сите трагедии кои се нижат една по друга, Кијано Ривс е голем човек! Од своите 114 милиони долари кои ги заработи од филмот „The Matrix“ и продолженијата, тој 80 милиони им даде на луѓето кои работеа напорно но не пред камерите - на задолжените за специјалните ефекти и шминка! Се откажа од голем дел од својот хонорар за филмовите „The Replacements“ и „The Devil's Advocates“ во корист на Џин Хекман и Ал Пачино, за тие да се согласат да играат во филмовите.Исто така, ги запознава сите и разговара со сите и оние кои не ги гледаме пред камерите, но се важни за филмовите.

- Парите се последна работа на која помислувам. Веќе имам доволно за наредни неколку века! - изјави Кијану во 2003.

Тој има 100 милиони долари, но се вози со подземна железница. Никогаш не се однесувал како ѕвезда.

- Лесно е да се остане приземен. Земјата е многу близу, одиме по неа секој ден, вели актерот.

Коментари

Популарно