Кукли полни со фталати повлечени од пазарот на БиХ

Повеќе видови на пластични играчки за девојчиња биле повлечени од пазарот на Босна и Херцеговија бидејќи инспекторите утврдиле дека претставуваат хемиски ризик бидејќи содржат недозволено количество на фталати. Станува збор за штетни материи чие дејство може да предизвика сериозни здравствени хормонски промени кај децата, а во некои случаи може да предизвикаат и канцер.

Kukla

Меѓу спорните играчки, за кои во последните месеци има забрана за продажба, се нашле дури и оие кукли за кои не било можно да се утврди ни кој им е производителот. Според податоците на Агенцијата за надзор на пазарот во БиХ, помеѓу останатите е повлечена и детската кукла „Lovely play set“, а инспекциите наложиле уништување на овие несигурни играчки.

– Им се препорачува на потрошувачите кои го купиле овој производ да престанат да го користат – навеле од Агенцијата за надзор на пазарот на БИХ. Заменикот омбудсман за деца на Република Српска, Злата Хаџиќ- Бајриќ, предупредила дека не само играчките туку и опремата за бебиња и облеката за најмладите , доколку не ги исполнат основните стандарди за безбедност на децата може сериозно да го загрозат развојот и растењето на децата.

Коментари

Популарно