Забошотувате на работа - проверете колку

Веројатно сите, помалку или повеќе, забошотуваат на работа. Едно ново истражување, што го направилa група научници од Универзитетот во Калифорнија, покажува дека луѓето не се ни свесни колку време всушност забошотуваат на работа. Истражувачите заклучиле дека вработените во просек на секои три минути и пет секунди една активност на работното место ја заменуваат со друга, при што во нив спаѓаат и приватни работи или „висење" на социјалните мрежи.

vp7j0

Според раководителот на истражувачкиот тим, Глорија Марк, постои формула со која може да се пресмета колку некој забошотува на работа. Таа вели дека наједноставен начин да се пресмета времето што го трошиме на активности што не се поврзани со работните обврски е бројот на прекини на работата да се помножи со 25.

- Резултатот е бројот на минути колку што сме забошотувале во текот на работното време, додава Марк. Истражувањето покажало и дека „проверувањето што има ново" на социјалните мрежи во текот на работното време, всушност и не релаксира и не одмора.

- Одвлекувањето на вниманието од работните обврски, само го зголемува стресот, предизвикува нервоза и ја намалува продуктивноста, истакнува Марк.

Коментари

Популарно