Ајде Мухамед кажи ни кој е ГОВЕДО денеска!

Пред точно седум дена пишував за ФК Вардар, за фудбалски натпревар со Шкупи, за Комитите и за етничките пароли и пресметки на фудбалските натпревари во Македонија. Не ми беше прв па, ниту ќе ми биде последен да ја критикувам навивачката група на Вардар. Искрено никогаш и не сум критикувал друга навивачка група. Веројатно како фан на Вардар сметам дека ми е задача да ги критикувам „своите“, а критиките на другите навивачки групи ги оставам на нивните симпатизери и раководства. Тоа е нормално во светот, па и кај нас. По секој инцидент на Комитите се јавува ФК Вардар со свое соопштени, при сличен таков случај на „Чкембарите“ се јавува Пелистер, еве и вчера при инцидентот во Куманово со навивачите на Шкендија се јави ФК Шкендија. Така е во светот, а ние учиме од нив.

11885086_10154165129134466_4350180069293476555_n

Жалосно е што кај нас по секое коло некој треба да се јави со соопштение. Така барем започна ова првенство. Иако во првото коло и спорниот меч на Градски меѓу Вардар и Шкупи, сите беа едногласни дека управата на клубот домаќин направила се за натпреварот да мине без никакви проблеми, скандирањето на етничко навредливи песни фрла сенка на целиот чин. Подоцна се појавија шпекулации дека Комитите тепале Албанци низ Скопје, но никој нема доказ за такво нешто. Освен, секако Мухамед Зекири:

„Гледам "комитите" почнале лекции по новинарство да ми делат и се дистанцираат оти не стојат зад вчерашните напади врз недолжни граѓани. Баш ме убедија мени и сите нас дека не се они. Како што не беа тие кои вчера 90 минути во стадион извикуваа рацистички пароли кон нивните сограѓани Албанци или како што они милуваат да ги нарекуваат "шиптари".

Зошто завчера немаше инциденти по градот ? Зошто денеска немаше инциденти ? Зошто баш вчера се случија нападите и баш откако заврши натпреварот? “

Јас не знам дали Комитите ти држат лекции или не, ама знам дека ти требаат. Сериозно. Доказ за тоа е статусот од следниот ден кога проба да избалансира, ама безуспешно:

„Мојот став е ист за сите ГОВЕДА од било која националност кој тепаат недолжни граѓани. МВР треба под итно да ги најде и изведе пред лицето на правдата напаѓачите на недолжни граѓани. Секој од нас може да биде потенцјална жртва.“

Ако Мухамед беше сериозен со оваа изјава, уште синоќа ќе бараше линч на Албанците кои го кршеа автобусот на ФК Вардар. 90 минути пееја националистички песни, провоцираа, па откако немаа со кого да се степаат, решија да ги нападнат фудбалерите на Вардар!!! Ајде Мухамед кажи ни кој е ГОВЕДО денеска! Ајде удри по „своите“! Или така нема поени, а тоа е се што тебе те интеесира.

ФК Шкендија веднаш излезе со соопштение и се откажа од овие „фанови“. Рекоа дека не се нивни, но требаше да прифатат и одговорност за недоволно добро организираниот меч. Без разлика од каде дошла таа публика, безбедноста на гостинскиот тим е одговорност на домаќинот.

По 24 години бедно фудбалско првенство, од лани во Македонија има два тима со богати газди кои сакаат да инвестираат во фудбалот. Всушност црвено црните од Скопје и Тетово, македонските милионери Вардар и Шкендија, веќе вложија досега невидени суми во своите тимови. Вардар конечно доби академија, а Шкендија успеа да врати репрезентаивци во својот тим. Ако на овие два богати состави се додаде и Работнички, тимот со помал буџет, но сериозно квалитетна младиоснка школа, македонскиот фудбал конечно треба да тргне по стапките на ракометот. Ако оваа година Работнчки не успее да презими во Европа, тоа ќе се случи многу скоро... Конечно во Македониај ќе гостуваат големите клубови од Европа, а ние ќе имаме шанса да навиваме против Рома, Лацио, Валенсија, Шалке, Тотенхем или дури против Јуве, Реал, Барса, Баерн, Јунајтед, Челзи... Тоа е сонот! Она со палењето знамиња, пеењето навредливи песни и кршење автобуси... тоа е кошмарот кој многу пати сме го сонувале. Толку многу што одамна е досаден. Како 30 пати гледан филм. Време е да ставиме тоа ЦД во фиока, а ликовите кои се полнат од кошмарот, како Мухамед, ликови кои не ги интересира нути фудбал, ниту Македонци или Албанци, фаци кои го гледаат само својот профит и интерес... тие самите ќе испарат кога кошамрот ќе исчезне.

За крај и нешто позитивно. По вчерашната победа на Вардар над Шкендија на фејсбук страната на Вардар се појави коментар од навиваш на Шкендија што предизвика многу лајкови од навивачите на Вардар. Еве зошто:

Untitled

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно