Заштитниот шлем-кацига не е задолжителна опрема за велосипедисти!

Неформалната група НаТочак  која 3 и пол години години се бави со теми поврзани со велосипедскиот сообраќај, вклучително и безбедноста на велосипедистите. Кон нивните ставови за незадолжителна доброволна употреба на кацигата при користење на велосипедот како транспортно средство, доби поддршка и од Европската велосипедска федерација.

timthumb

НаТочак ги повикува законодавните и извршните централни и локални власти да се фокусираат на мерки кои се докажани како успешни за унапредување на возењето велосипед како транспорт и за доброто и безбедноста на велосипедистите, а такви се: намалување на брзините и издвоена велосипедска инфраструктура.

Заштитниот шлем-кацига не е задолжителна опрема за велосипедисти.

За неносење на кацига при управување на велосипед според измените во Законот за безбедност не се предвидени санкции.

Предлагачот во Член 99 од предлог Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, само препорачува користење на кацига, но тоа се прави со несреќна формулација со истата терминологија која се користи за задолжителната опрема. Поточно, се користи зборот „треба“ кој не е променет и покрај реакциите на нивна адреса.

Кон крајот на 2014-та година, предлагачот на Законот направи поместување од почетниот предлог за задолжителност на кацигата за велосипедисти со укинување на санкциите.

Со надеж дека точната информација ќе допре до сите и  дека во догледно време ќе се исправи терминолошката нејасностија во Законот, со соодветен израз за препорачаност, или пак, во најдобар случај, препораката ќе се избрише од Законот и ќе се смести на посоодветно место, во Правилник.

Како точно гласи членот кој се однесува на употребата на заштитен шлем - кацига:

Член 99

(1) Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл, лесен четрицикл и четирицикл задолжително носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот.

(2) Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед, треба да носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот.(3) Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед ноќе и во услови на намалена видливост треба да носат рефлектирачки елек за време на возењето на патот.

(4) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска согласно ќе му се издаде, на возачот и лицата кои постапуваат спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

(5) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на родителот односно старателот на дете кое постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

Коментари

Популарно