Сончево денеска, утре, па се до...

mavrovoДенеска е понеделник, 31 август 2015 година, 243-от ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 121 ден.

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 56 минути, а ќе зајде во 19 часот и 11 минути.

Денов трае 13 часа и 15 минути.

Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее во 20 часот и 11 минути, а ќе зајде во 7 часот и 47 минути.

Временска прогноза

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 36 степени.

Во текот на недела ќе продолжи периодот на стабилно, суво и топло време. Зголемена облачност ќе има во среда кон крајот на денот, која во текот на ноќта кон четврток и во четврток претпладне ќе биде проследена со локален краткотраен дожд и појава на грмежи.

Коментари

Популарно