Почина едно лице од сообраќајката на патот Охрид – Свети Наум

Вечерва почина едно од момчињата (20) кое беше повредено во сообраќајката што попладнево се случи на патот Охрид-Свети Наум кај Лагадин.

First-Steps-Following-a-Motorcycle-Accident

Тешката сообраќајка однесе еден млад живот по сударот меѓу моторцикл и патничко моторно возило.

Лекарскиот тим во болницата “Свети Еразмо” максимално до доцна вечерва го вложуваше сето свое знаење и умешност да го спаси младиот живот, но за жал повредите беа претешки и 20 годишниот охриѓанец ја изгуби битката.

Коментари

Популарно