Даниел Кајмакоски прв на топ-листата „МТВ домаќица“

Синглот на Даниел Kајмакоски „10 лета“, кој во српската верзија е со наслов „Деценије“, се искачи на првото место на топ-листата „МТВ домаќица“. Автор на композицијата е белграѓанката Александра Милутиновиќ.

daniel-kajmakoski-480x360

- Им благодарам на сите што гласаа оваа недела да го достигнеме врвот. Драго ми е што „Деценије“ им се допадна на луѓето од целиот регион, кои се со мене уште откако се појавив на сцената. Добро е чувството кога на публиката и се допаѓа она што го правите, а најубаво е кога ќе ви кажат дека вашата музика им го разубавува денот. Тоа е мојата мисија и ветувам уште нови песни наскоро - изјави Даниел Kајмакоски.

Коментари

Популарно