Имало листерија и тоа во комуњарска општина, Премиерот части тазе суџук!

И мораше да биде во општина која е под контрола на опозицијата, него како, не може во Скопје, Тетово, Битола морало во Куманово.

11012966_820573961396694_3836304408693212170_n

А велат листеријата секаде ја имало, ама ваа кумановската нели дека е опозициска страв и трепет е и мора да е!

Јаделе или не сецкан свински врат незнам, треба некој да одговара. шегата настрана ако навистина е виновникот Екстра Меин одма сургун 101 една година и назад без празници, ама некако овоа испадна децениски, де кажуваат де не кажуваат, де секаде ја имало де ја немало, де имаме апаратура да испитаме де немаме, како Рунтевски да чекаше изим од власта за да си ја заврши работата или така ми се чини?

Абе а онаа будалата што го истетовирал Саше Мијалков и син му?

Мислам оваков кретенизам одаамна не сме намирисале, одма бе некое јавно претпријатие да му дадете директор да е, ако Славе Гошев се палеше на Саше Политико, обично провокаторче и опозициско мезимче зш овој храбар јунак да не го осети лезетлкот на портокаловата преродба, ебате а?

Се тетовирало магарето за да ја искаже безграничната благодарност, абе за благодарноста ако, чим ти помогнал во ред, ама бре не прави мајмун од себе алоо ова бе 19 ти век ли е? Мијалков со ова треба да се срами а не да се дичи, ццц.

Абе ако на тебе ти го спасил животот, на други два милиони им го упропасти или се иселуваат или самоубиваат!

Денес на неколку пати добив подршка да продолжам да пишувам и продолжувам, мораме да им удриме мурот на сите искривени огледала во оваа таканаречи ја држава иако од 2008 година фактички и не е. Нека владее Грујо ако сакате уште сто години, ама вчера беше подобро од денес, а утре ќе ви биде полошо да се разбереме дур сме трезни!

Ми се пожалија паланчани дека откупните цени за шумските плодови драстично биле намалени заради повисоките давачки спрема државата, да жал ми е за тоа. Ама згреаната кисела вода и смрдливиот сендвич што ви го даваа по партиските автобуси кога итавте во Охрид на митинг да му баците рака на Гујо поарно беше, а?

Е па секој си го плаќа својот грев, кад тад!!!

Автор: Марјан Стаменковски

Коментари

Популарно