Сончево, но попладне може да заврне

esen2630Денеска е недела, 4 октомври 2015 година, 277-от ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 88 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 32 минути, а ќе зајде во 18 часот и 12 минути.

Денов трае 11 часа и 40 минути.

Месечината, која е во фаза на млада месечина, ќе изгрее во 23 часот и 22 минути, а ќе зајде во 13 часот и 15 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне во западните делови ќе има зголемена облачност со повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 22 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне се очекува зголемување на облачноста. Преку денот ќе дува слаб југоисточен ветер.

Утринската температура ќе биде околу девет, а дневната ќе достигне до 25 степени.

Во текот на наредната недела времето ќе биде претежно променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, освен во вторник кога ќе биде стабилно и суво.

Коментари

Популарно