Дожд и денеска, но правото невреме доаѓа во...

utre-oblachno-so-dozhd-i-veter-vo-makedonija-184307Денеска е четврток, 8 октомври 2015 година, 281-от ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 84 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 36 минути, а ќе зајде во 18 часот и 6 минути.

Денов трае 11 часа и 30 минути.

Месечината, која е во фаза на млада месечина, ќе изгрее во 2 часот и 13 минути, а ќе зајде во 15 часот и 54 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 16, а дневната од 14 до 19 степени.

Во Скопје облачно со повремен дожд.

Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

И во петок ќе се задржи променливо облачно време со слаб локален дожд, а нов влажен бран со обилни врнежи ќе има во сабота кога локално се очекува да наврнат околу 50 литри на метар квадратен, особено во западните и северните делови од земјата.

Коментари

Популарно