Каков е во кревет, ако конзумира марихуана?

Вечната дискусија дали марихуната е штетна или здрава, добива уште еден интересен податок. Овој пат аргументот е на страната на оние кои тврдат дека марихуната треба да остане забранета, бидејќи научницитенаведуваат дека  негативно влијае на сексуалната моќ на припадниците на машкиот пол.

seks-60

Според нив, марихуанта предизвикува исти последици врз мажите како и алкохолот, и покрај раширеното мислење дека „тревата" ја заголемува издржливоста во кревет.

– Мажите поради марихуаната само добиваат поинаква перцепција за времето, па мислат дека чинот трае подолого, но во суштина нивната сексуалната моќ е послаба, тврдат научниците.

Тие дошле до ваквите заклучоци со истражување на влијанието на марихуаната врз ерекцијата кај мажите.

– Кај мажите кои секојдневно пушат марихуана, постои трипати поголема веројатност да имаат проблеми со ерективната дисфункција во споредба со оние кои немаат таква навика, наведуваат научниците.

Коментари

Популарно