Дожд и денеска, но невремето доаѓа утре

poplava-sk1Денеска е петок, 9 октомври 2015 година, 282-от ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 83 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 37 минути, а ќе зајде во 18 часот и 4 минути.

Денов трае 11 часа и 27 минути.

Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее во 3 часот и 10 минути, а ќе зајде во 16 часот и 25 минути.

Временска прогноза за 9 октомври

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Температурата ќе се движи од 16 до 21 степен.

Во Скопје претежно облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

За време на продолжениот празничен викенд нашата земја ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот кои ќе предизвикаат претежно облачно време со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни. Во сабота и недела локално се очекува да наврнат околу 50 литри на метар квадратен воден талог, особено во западните и северните делови. Ќе дува умерен, а во недела повремено засилен југоисточен ветер.

В понеделник врнежите ќе бидат локализирани и со послаб интензитет, особено претпладнето.

Коментари

Популарно