Денеска големо невреме со многу дожд

OHRID-POPLAVAДенеска е сабота, 10 октомври 2015 година, 283-от ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 82 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 38 минути, а ќе зајде во 18 часот и 2 минути.

Денов трае 11 часа и 24 минути.

Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее во 4 часот и 6 минути, а ќе зајде во 16 часот и 54 минути.

Временска прогноза за 10 октомври

Времето во Македонија ќе биде облачно со обилни врнежи од дожд, особено во крајните западни и северни делови на земјава, каде наместа се очекува да наврнат повеќе од 50 литри на метар квадратен воден талог. На места врнежите ќе бидат проследени со ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. На места брзината на ветерот ќе достигнува над 60 километри на час.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 15, а дневната од 17 до 20 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд со променлив интензитет и со умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

Извесно преодно стабилизирање на времето се очекува в понеделник и во вторник, а во почетокот на втората половина на следната недела повторно се очекува променливо облачно време со повремени локали врнежи од дожд.

Коментари

Популарно