Наскоро тендер за вториот дел од жичницата на Водно

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајлоски најавува дека до крајот на оваа или на почетокот на следната година ќе биде објавен тендер за вториот дел од жичницата на Водно.

zicnica

- Сега сме во разговори со компаниите за да видиме колку е нивниот интерес присутен и дали би се нафатила некоја од тие компании за да можеме да распишеме тендер. Министерството го завршува инфраструктурниот проект што е потребен за добивање одобрение за градење, рече Мисајловски на денешната трибина „Инфраструктурна експанзија во Македонија“, што се одржа во организација на Институтот Павел Шатев.

Според Мисајлоски, се работи интензивно и можно е проектот да биде почнат и пред ветеното.

Коментари

Популарно