Патниците од рускиот авион поминале низ пекол пред смртта!

Eгипетски доктор кој вршел обдукција на телата изјавил дека според природата на повредите на патниците од рускиот авион, експлозија се случила во авионот пред тој да експлодира.

„Голем дел од парчињата од телата кои беа најдени,упатуваат на заклучок дека силна експлозија се случила во авионот, пред тој да удри на земја“-вели египетскиот форензичар.

151031075332-map-sinai-plane-crash-exlarge-169

Претходно рускиот таблоид Лајф њус објави дека резултатите од наводните форензички медицински истражувања патниците на опашката на авионот починале поради т.н. експлозивни повреди.

Според него, на телата имало изгореници од повеќе од 90 проценти. Патниците кои седеле во предниот дел, починале поради други причини – крвен притисок, шок, отворени повреди на главата, фрактури.

Досега нема официјални информации за резултатите од форензичките испитувања.

Сеуште кружат и различните верзии зошто се урна авионот. Дека ова е дело на Исламската држава, дека имало бомба во авионот, пилотска грешка, во или можеби технички проблеми.

Рускиот пилот Андреј Литвинов верува дека синајската трагедија се случи поради стари метални делови, стар авион кој веќе беше претходно оштетен.

151102120309-russia-plane-crash-black-box-exlarge-169

Коментари

Популарно