Ранет полицаец во Косово

Во Приштина беше ранет еден припадник на косовската полиција.

ПРИШТИНА - Член на косовската полиција беше лесно повреден вечерва во населбата Сончев рид во Приштина, изјави портпарол на косовската полиција Даут Хоџа. Тој за медиумите во Приштина изјави дека не го знае мотивот зошто полицаецот бил ранет, ниту идентитетот на напаѓачите.

Ранетиот полицаец бил пренесен во Ургентниот центар на Клиничкиот центар во Приштина, додека полициските единици водат истрагата за инцидентот. По згрижување на повредениот полицаец , тој бил пуштен од болница.

Порталот Коха нето повикувајќи се на свои извори, објави дека ранетиот полицаец е припадник на единицата за блиска одбрана и има ранг на поручник. Во времето на инцидентот полицаецот не бил на должност, пишува Koha.net.

kosovo-nspm

Коментари

Популарно