Швајни му верува на Луи Ван Гал, но тоа не е доволно

Иако голем дел од фановите на Јунајтед не веруваат во тактиките на Луи Ван Гал, капитенот на Германија, Бастијан Швајнштајгер, верува дека треба да се има трпение, и дека Ван Гал ќе испорача успех.

tumblr_ns3im1g6dA1u8w7lqo1_1280

Бастијан Швајнштајгер, кој и претходно соработуваше со Ван Гал, додека холанѓанецот беше тренер на Баерн Минхен, верува во квалитетите на неговиот сегашен шеф, и е сигурен дека резултатите ќе дојдат во Манчестер, но дека фановите треба да имаат трпение.

„Препознавам сличности на Луи Ван Гал од времето кога беше тренер на Баерн Минхен и сега во Манчестер Јунајтед. Ако се сеќавате, во Баерн Минхен требаше време за да се сфати како Ван Гал сака да игра тимот, но на крајот освоивме титула во Бундеслигата и стигнавме до финалето во ЛШ. Мора да се биде трпелив, но и покрај тоа, мора да се победува, да се постигнуваат голови и да доаѓаат резултатите“.

„Мислам дека сме на вистинскиот пат, се сеќавам дека на почетокот во Минхен, фановите не беа убедени во неговите квалитети, но на крајот освоивме двојна круна една сезона, и фановите потоа го засакаа. Сигурен сум дека Ван Гал ќе донесе и овде успех. Убеден сум во тоа, но мора да ја работиме нашата работа за да бидеме уште подобри. Сигурен сум дека успехот во Јунајтед ќе се случи“, изјави Бастијан Швајнштајгер.

Јунајтед по 12 одиграни натпревари во Премиерлигата, е на четвртата позиција, веднаш зад Арсенал, Сити и третопласираниот Лестер Сити.

Коментари

Популарно