ВИДЕО: Вака изгледа кога Путин ќе се налути

Од доаѓањето на Путин на власт, работите во Русија почнаа драстично да се менуваат. Русија почна да закрепнува и да се зајакнува на сите полиња, а пред се економски. Тој ги спушто на земја руските тајкуни и им покажа како еден премиер или претседател треба да разговара со нив. Им го оневозможи понатамошното неконтролирано збогатување, а нивното богатство го употреби за закрепнување на Русија и рускиот народ.

Untitled

Еден од најпознатите тајкуни, Олег Дерипаска, и уште неколкумина купиле фабрика за симболична цена. Целта им била да ја згаснат за да излечат корист од тоа.

Работниците му пишале на Путин, го замолиле да им помогне, а овој свикал состанок со работниците, но и со новите сопственици.

Бесен, го започнал состанокот со зборовите: „Зошто ова не сте го решиле досега? Се разбегавте како бубашваби кога слушнавте дека идам!“

Пред сите буквално го натера Олег Дерипаска да отпише договор со кој фабриката почнува со работа онака како што предвидела владата.

Коментари

Популарно