Нов бран на бегалци во Хрватска

Во Хрватска во вторникот влегоа повеќе од две илјади бегалци.

Од почетокот на миграциската криза, средината на септември, преку Хрватска вкупно поминале 350 124 имигранти и бегалци од блискоисточните земји. И понатаму пристигнуваат од Србија.

u-hrvatsku-je-u-utorak-uslo-vise-od-dvije-tisuce-izbjeglica-504x335-20151144-20151106132902-0bd18d20af5a4f5a79296402b5a866bb

Во Хрватска во вторникот од полноќ до раните утрински часови влегоа повеќе од две илјади бегалци и мигранти, а во прифатниот зимски центар во Славонски Брод во моментов има 2.170 луѓе, објави Министерството за внатрешни работи во Хрватска.

Коментари

Популарно