Червар: Не одлучив јас за 13-ката! Миркуловски многу го ценам

По изненадувачкиот потег на македонскиот вице првак, дресот со број 13 да му го даде на нвиот играч, денешната прес конференција на Металург во пресрет на дуелот со Мотор Запорожје во Лигата на шампионите беше искористена да се побара и мислење од Лино Червар на тема „Филип Миркуловски и Давид Шпилер и дресот со број тринаесет“.

spiler-i-kitevski

Управата на клубот од Автокоманда реши легендарната „13-та“ (долги години овој број го носеше Миркуловски) да му ја додели на најновото засилување од Словенија, по што реагираше и македонскиот репрезентативец на социјалните мрежи.

– Ја дадоа 13 – ката, сега изгледа се на ред парите да ни ги дадат, -стоеше во пораката на Мирлуловски.

Во поглед на овие случувања коментарот на Червар беше ваков:

– Знаете ова не е моја работа, јас не ги давам броевите, најдобро е да ги прашате во клубот. Јас можам да кажам дека исклучително го ценам Миркуловски, тој е дете на Металург и беше еден од столбовите на нашите големи успеси. Редовно го пратам во Германија во Хановер и сега во Вецлар, знам дека има проблеми со повредите, но познавајќи го него знам дека ќе биде максимално подготвен за ЕП во Полска. Тој е важен играч за репрезентација Македонија и за него имам само многу добро мислење и убави зборови, -истакна Червар.

Коментари

Популарно