Словенија ja преминала границата?

Словенија тврди дека со жичаната ограда не ја преминала границата со Хрватска!

Државниот секретар во словенското министерството за внатрешни работи Боштјан Шефич, во средата соопштил дека Хрватска била известена за поставување на физичките бариери за имигрантите во некои делови на границата и дека тие се наоѓаат на словенската страна на границата, а не и на хрватската, како што тврди Хрватска.

Žica slovenija

"Овде не се работи за одбележување на границата, туку регулирање на миграциските текови, за што го известивме арбитражниот трибунал и сите останати", рече Шефич.

"Поставувањето на технички бариери се одвива исклучиво на територијата на Словенија и не го прејудицира текот на границата", се вели во соопштението на канцеларијата за информирање на словенската влада, додавајќи дека Хрватска е претходно известена во врска со тоа.

Министерството за надворешни работи на Словенија изјави дека досега се уште не добиле писмо во кое Хрватска ја предупредува Словенија дека нејзината полицијата својот дел од бодликави жици на преминот Хармица/Ригонци го поставила погрешно, преминувајќи на хрватската страна, меѓутоа дека тие се запознаени со предупредувањето што претставник на хрватската полицијата на местото на настанот го дал на даден словенски колега.

Хрватското министерство за надворешни и европски работи во четвртокот изразија силен протест кон заменик-амбасадорот на Република Словенија во Хрватска за ставање на бодликавата жица на хрватска територија, додека во Словенија беше побарано веднаш да се отстрани жицата.

Коментари

Популарно