Денеска топло, студот доаѓа од...

esen_1_ohДенеска е четврток, 12 ноември 2015 година, 316-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 49 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 18 минути, а ќе зајде во 16 часот и 17 минути.

Денов трае 9 часа и 59 минути.

Месечината, која е во фаза на млада месечина, ќе изгрее во 6 часот и 41 минута, а ќе зајде во 17 часот и 5 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од северен правец. По одделни котлини со услови за слаба утринска магла.

Температурата ќе се движи од 17 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од северен правец.

Температурата ќе достигне до 22 степени.

Продолжува периодот на стабилно и суво време. Малку поизразен ветер ќе има во текот на денешниот ден особено долж Повардарието. Наутро понекаде во котлините ќе има малку намалена видливост.

Утринските температури од петок полека ќе опаѓаат, а позначително ќе се спуштат од недела наутро.

Од сабота и дневните температури малку ќе опаднат, но и понатаму ќе се задржи топло време за овој дел од годината.

Коментари

Популарно