Kако да доживеете 2 оргазми за време на 1 секс

ДВОЈНO ЗАДОВОЛСТВО: Еве како да доживеете 2 оргазми за време на 1 секс

Сексот може да биде многу повеќе интересен отколку што мислите. Ако се потрудите малку повеќе и го следите вистинскиот совет, можете да доживеете и двоен оргазам.

Комбинираниот оргазам ќе стане вашата омилена работа штом еднаш ќе ја откриете. Еве како да го постигнете за време на мастурбација, орален секс и за време на самиот сексуален однос.

До сега веројатно сте доживеале многу клиторични оргазми, а ако сте имале среќа, ниту вагиналниот или оргазмот во Г-точката не ви е непознат.

Но, експертите велат дека е можно да се доживеат и двата вида на оргазам во исто време, а ова задоволство во никој случај не би сакале да го пропуштите.

Иако малку повеќе комплицирано, Ејми Левин, секс терапевт, вели дека тоа е изводливо со малку напор. Да се доживее ова двојно задоволство, треба да се стимулира клиторисот и Г-точката во исто време, а ова се трите начини на кои тоа може да успеете во тоа.

За време на мастурбација

Доколку знаете што најдобро ви годи, започнете со тоа. Фокусирајте се на стимулацијата на клиторисот со рака, а Г-точката стимулирајте ја со некоја секс играчка. Многу е важно на Г-точката да се посветите кога веќе сте возбудени бидејќи таа се чувствува само кога сте веќе навлажнети.

orgazam1

При орален секс

Дозволете му на вашиот партнер да се занимава со вашиот клиторис додека не почувствувате дека сте многу возбудени. Потоа полека нека ја најде вашата Г-точка. Ќе ја препознае по тоа што таа е рапава на допир. Вие само да уживајте.

За време на сексот

Ејми Левин препорачува вашиот партнер да го стимулира клиторисот со прстите или со играчка за време на предиграта. Потоа, кога многу ќе се возбудите, почнете секс во кучешка поза. Оваа позиција е најдобра за стимулирање на Г-точката.

Ако сакате да се зголеми интензитетот на сексот, наместо да се потпирате на дланките, потпрете се на вашите лакти за да го спуштите горниот дел од телото. Оваа позиција ви гарантира максимална стимулација на Г-точката.

Коментари

Популарно