Невероватно вкусен 'чизкејк' од само 3 состојки!

Овој десерт е измислен од една млада девојка која не може да го замисли животот без слатко. Вообичаениот чизкејк -торта се подготвува со помош на поголем број состојки, но нејзиниот рецепт содржи само три компоненти.

Подготвената торта е фантастична - воздушеста, се топи во уста, и многу е деликатна и вкусна.

Да се подготви овој 'чизкејк' ќе бидат потребни следниве состојки:

• 3 јајца

• 120 г бело чоколадо

• 120 грама сирење "Филаделфија" или друго крем сирење.

1-1

Припрема:

Ставете ги јајцата во фрижидер добро да се изладат. Разделете ги жолчките од белките.

2

Загрејте ја рерната на 170 степени. На водена пара стопете го чоколадото.

4

Добро мешајте додека не се добие хомогена смеса.

5

Додадете крем сирење во растопеното чоколадо.

6

А потоа додадете ги жолчките од јајце. (Пред да ги додадете жолчките, може да го пробате кремот - многу е вкусен!)

7

Изматете ги ладните белки во цврста маса и додајте ја во претходната смеса.

8

Тестото ставете го во калап премачкан со зејтин или путер. Ставете го калапот да се пече. Тортата ќе биде воздушеста доколку во тепсијата ставите половина чаша топла вода додека се пече.

10

Овој фантастичен'чизкејк'се пече околу 30 минути. Не брзајте веднаш да го извадите од рерна - оставете го уште 15 минути во исклучена рерна.

Готовиот колач посипете го со шеќер во прав. Ставете го во фрижидер - највкусен е кога добро ќе се излади.

12

Коментари

Популарно