Телохранителката на Аркан открива неверојатни детали

Маријана Наловски Мачкица (50) била дел од „Тигрите“ на Аркан и негова телохранителка. Нејзината мајка ја напуштила по раѓањето и пораснала во Домот за деца без родители „ Моша Пијаде“. Таму преживеала силување. Како што вели сакала два пати и двата пати била заљубена во жена, но се омажила за маж. Таа открива дека најголема лузна и оставила војната.

323432

- Господ ме намести да дојдам до Жељко Ражњатовиќ- Аркан. Подоцна се откри дека не е случајно што сум дел од луѓето на Аркан бидејќи моето биолошко семејство и Жељко биле пријатели. И поради тоа се изненадив, но нашето пријателство започна и имав голема поддршка од него.

Имаше голема дисциплина во „ Тигрите“, за што и денеска мислам дека е во ред. За секс, јас таму не сум имала. Бев и останав нивна сестра,  раскажува Маријана во нејзиното сведоштво. Таа исто така додава дека Аркан знаел дека Мирјана сака жени.

- Тоа нормално го прифати. Направи тешка шала и добро се забавуваме. Еднаш киднапирав војник и автомобил само за да ја видам жената која тогаш ја сакав.

Коментари

Популарно