Путин го направи првиот чекор - еве ја неговата одлука

Откако турската авијација денес собори руски борбен авион, Москва одлучи да ја прекине воената соработка со Анкара, како една од мерките за заштита на руските воени бази во Сирија.

soborenavion

Оваа информација ја соопшти еден од руските функционери по разговорот на вонредната седница. Претходно претседателите на САД и Франција, Барак Обама и Франсоа Оланд ги повикаа двете држави на мирно решавање на новонастанатата ситуација.

- Сите држави би требало да бидат обединети во борбата против ИСИЛ, изјавиле претседателите Барак Обама и Франсоа Оланд по состанокот во Вашингтон.

- Ни останува само да жалиме и мораме да спречиме било каква ескалација на односите, вели Оланд.

Коментари

Популарно