Науката докажа: Од љубов навистина може да се умре

Истражувањето направено во Америка покажало дека навистина може да се умре од скршено срце.

najgolemata-prichina-za-pojava-na-depresija-shirum-celiot-svet-www.kafepauza.mk_

Николас А. Кристакис од Харвард Универзитетот и Феликс Елверт од Универзитетот во Висконсин, следеле повеќе од 370 000 брачни двојки во период од 9 години, во САД.

Заклучиле дек по смртта на едне од партнерите, особено ако таа настапи изненадувачки, и ако брачните партнери поминале заедно 10 или повеќе години, нагло растат изгледите дека партнерот кој останал жив - набргу ќе умре!

- Сега знаеме дека срцето и мозокот бурно реагираат на изненадувачко и стресно случување - велат истражувачите, пренесе Еј Би Си њуз.

Научниците истакнуваат дека се потребни дополнителни истражувања, но уште сега можат да кажат дека на срцето најмногу влијае наглото зголемено производство на хормонот на стресот, што предизвикува болки во градите и затајување на срцето.

Коментари

Популарно