Започна украсувањето на Скопје за Нова Година

На нешто повеќе од еден месец до дочекот на новата 2016 година, скопските општини веќе се подготвуваат да создадат што поубав претпразничен амбиент, во пресрет на новогодишните и божикните празници. Општина Центар почна со поставување на украсите, односно вчера работници поставуваа елка во зеленилото во населбата Kапиштец.

4D47491F-12B5-4519-8A25-22ECDB21474B_mw1024_mh937_s

Општините Шуто Оризари и Чаир деновиве на страницата на Бирото за јавни набавки распишаа огласи преку кои бараат најповолни понуди за разубавување на општинските улици, парковите и другите јавни површини.

Неколку години наназад повеќе општини ги разубавуваат улиците со елки, светилки и други новогодишни украси и организираат општински новогодишни програми.

Град Скопје ги кити плоштадите и булеварите, а во последниве години во новогодишен амбиент е с` поголема територија од градот.

Коментари

Популарно