Зошто жените се плашат од порно филмови?

Иако, ситуацијата е многу поразлична од да речеме 10тина години, сеуште постои јаз меѓу мажите и жените кога станува збор за филмови за возрасни.

XgoDulFBmG8

„Што ќе му е порно кога ме има мене? Ова ме прашуваат женските клиенти кога се вознемируваат откако ќе дознаат дека нивниот партнер гледа порно“, вели секс-експертот Мети Силвер. Најчесто се лути, збунети и засрамени. Често порното го сметаат за вид на изневерување - зошто го чува во тајност?

Мислат дека не можат да се натпреваруваат со секси жените кои глумат во тие филмови, или веруваат дека партнерот им е зависник од секс, или на добар пат да стане таков.

Има многу кампањи против порнографијата. Но повеќето возрасни кои гледаат порно, знаат дека не е вистина - тоа е фантазија и забава. Го гледаме за да се возбудиме додека мастурбираме, бидејќи не е лесно да се возбудиш на емисија за готвење.

Луѓето кои гледаат и сакаат порно најчесто се луѓе кои уживаат во сексот, а мастурбацијата и сексот се здрави. Важно е да се признае дека за некои парови порното може да биде позитивен дел од нивните животи. Нема научни докази дека порното влијае или го менува мозокот повеќе од другите видови на забава, како телевизија и насилни видео игри. Порното не предизвикува проблеми со ерекцијата.

Некои мажи кои гледаат многу порно, мислат дека заради тоа имаат лошо либидо и сексуални дисфункции. Обично им препорачувам некое време да престанат да гледаат, и наместо тоа да мастурбираат на стариот добар начин - со срамотно списание или со помош на фантазијата. Клиничкиот психолог д-р Дејвид Џ. Леј верува дека напорите да се оцрни порното се прикриени обиди да се претстави мастурбацијата како опасна и нездрава, но вистината е сосема спротивна.

Сепак, тажен е фактот што премногу деца се изложени на порнографија од мала возраст, и за разлика од возрасните кои знаат да разграничат реалност од фантазија, децата имаат понаивна перцепција која може да ги доведе до нереални очекувања од сексот.

Постои загриженост дека порнографијата може да ги искриви очекувањата за тоа како треба да изгледа телото во реалниот живот. На пример, медицински и секс експерти предупредуваат дека се повеќе млади девојки и жени се незадоволни од нивните тела, а посебно од изгледот на нивните гениталии. Деновиве младите мажи имаат видено само жени без или со многу малку срамни влакна, а лабиапластијата (операција за намалување на големината на вагиналните усни) е се позачестена. И покрај сето ова, запомнете едно нешто: никој не остава врска која е физички и емотивно задоволувачка, за да мастурбира на видео.

Коментари

Популарно