Oткриена ужасната вистина - Еве што и правеле по смртта на тинејџерката

Семра Кешиновиќ, 17-годишната тинејџерка од Австрија, со босанско потекло, загина откако се обиде да избега од рацете на Исламистите. Девојчето кое со својата една година помлада другарка, Сабина Селимовиќ, избега во Сирија на 10 април 2014 година, остави и проштално писмо за своите родители во кое побара да не ја бараат бидејќи таа ќе се бори за Алах и Исламистите, а нејзината одлука никој нема да ја поколеба.

sabina-selimovic-semra-kesinovic-sirija-se-omazile-za-jihdisti-izbegale-od-viena-zaminale-vo-sirija-1-25284

Откако избегаа, девојчињата терористите ги користеа за да прават фотографии со оружје, видеа, пропаганден материјал, а освен тие фотки, детали за тоа што им се случивало на двете другарки нема.

Медиумите од регионот неколку пати објавија вест дека девојчињата се вратиле дома, но родителите најостро ги демантираа овие тврдења. Самра била чувана во куќа на Исламист со неговите жени, била мачена и буквално се изживувале на неа. Приказната ја раскажува девојка која живеела во истата куќа со нив, но имала среќа и успеала да избега.

Инаку, девојчињата се запознаа на Интернет и заминаа во Сирија со воз. Двете се омажија и родија деца.

Инаку, иако не се познати детали за тоа што точно им се случувало, она што е познато се законите на Рака. Жените не смеат да носат ништо освен црно и мора да бидат покриени од глава до пети. Девојката која успеала да избега вели дека чизми, џемпери, и се она што за нас е нормална облека, таму е забрането. Доколку некој се обиде да облече нешто друго освен црно, веднаш би го казниле со камшикување. Многу мажи исто така биле каменувани поради најмали грешки, жени биле каменувани и до смрт. Потоа нивните тела биле сотавани на улица да бидат пример. На почетокот луѓето се спротивставувале, но пота сфатиле дека тоа ќе ги чини глава.

Девојката раскажува дека жените не смеат да погледнат маж. Дури и ако професијата им е таква, смеат да работат само со жени. Една жена која работела како стоматолог, била обезглавена бидејќи му поправала заби на маж.

Инаку, во Рака се извршуваат ситеубиства за непослушните за Исламистите, на местото каде некогаш имало детска игра и смеа, во самиот центар.

Инаку, Самра според последните податоци с обидела да избега од куќата, но била фатена и мачена до смрт.

Коментари

Популарно