ВИДЕО: Еве како германски камионџија се справува со мигрантите

Германски камионџија кој вози низ Европа смислил неконвенционален начин да се справи со мигрантите кои се обидуваат да се качат на камионите и побрзо да стигнат до саканата европска дестинација. Знаејќи дека мигрантите се муслимани и од религиозни причини не јадат свинско место, тој закачил живо свинско место околу камионот.

svinsko-682x341

Тој го снимил својот „безбедносен појас“ и го поставил видеото на интернет кое веднаш привлече многу коментари. Дел од корисниците на социјалните мрежи коментираа дека ова е „креативно решение“ кое би можело да ги заштити камионџиите на автопат, додека дел од коментарите се дека ова е детски и идиотски потег.

Возачите се соочуваат со големи парични казни, па дури и затвор ако во возилото бидат пронајдени илегални мигранти.

Коментари

Популарно