РК Вардар се огласи во врска со нападот врз ракометарите на клубот!!!

вардар

Клубот жали за вчерашниот настан за кој се тврди дека биле вмешани и ракометари на Вардар. Како клуб секогаш сме подржувачи на спортско надигрување и фер плеј однесување, како на теренот така и надвор од него, и задржување на добриот имиџ.

Играчите на Вардар попладнево го имаа редовниот тренинг, и сите ракометари кои му се на располагање на тренерот Раул Гонзалез беа во салата и ги одработеа поставените задачи. Ниту еден играч не се пожали на повреда, и целосно се посветени на следните натпревари што претстојат.

Како клуб ги следиме сите случувања околу овој настан, и играчите ќе дадат изјава за она за што се поврзуваат. Доколку се утврди вмешанот на некој од членовите на тимот, истите ќе бидат санкционирани во согласност со дисциплинскиот правилник на клубот - стои на клубскиот сајт.

Коментари

Популарно