Фото+Видео: Неверојатна промена по породувањето - ќе ве инспирира

Малин Бјорк е мајка која ќе ве одушеви со својата трансформација по првата бременост. Популарната Швеѓанка има половина милион следбеници на Instagram, каде го документира својот фитнес напредок.

01

Додека била бремена со првото дете, Малин се здебелила 22 килограми. Неколку дена по породувањето, таа ја започнала својата трансформација со пешачење со нејзиното новородено синче, а по 2 месеци, продолжила во фитнес сала. За само шест месеци Бјорк успеала да ги изгуби „трудничките“ килограми и да си ја врати тежината од пред бременоста.

04

„Толку сум среќна што започнав да вежбам откако се роди Винсент наместо да јадам глупости секој ден. Започнав да се хранам здраво и ги променив моите навики кон подобро. Резултатите дојдоа набрзо и јас бев во најдобра форма кога Винсент имаше 7-9 месеци. Го можеш тоа и ти“ – пишува таа на Instagram.

07

Минатата година таа објави видео во кое го прикажува своето патување од крајот на првата бременост до вториот роденден на нејзиното синче. Резултатите ќе ве одушеват.

Сега Малин е бремена со второто дете.

12

Коментари

Популарно