ВИДЕО: САД тврдат дека Русите во Сирија убиваат и цивили

Војната во Сирија однесе многу човечки животи и ја затрупа европа во мигранти. ИСИС, Асад, Русија, САД:.. кој е негативецот, а кој се обидува да го врати животот во нормала во оваа азиска држава? Овој пат САД нудат снимки како доказ дека Русија убива невини цивили во Сирија.

Untitled

Стејт департментот тврди дека цели на руската армија во близина на градот Алепо се исклучиво сириските опозициски групи и цивилите, а не терористите на ИСИС, кои се заеднички непријател на целата меѓународна заедница.

„Многу е тешко да се замисли како воздушните напади врз цивилни цели можат на кој било начин да помогнат во мировниот процес на кој се обидуваме да работиме“, изјави портпаролот на американската дипломатија, Џон Кирби, додавајќи дека овие напади мора да престанат.

Цитирајќи податоци од невладината организација Сириска мрежа за човекови права, опозицијата ги обвини сириската влада и Русија дека убиле најмалку 300 цивили од почетокот на таканаречената конференција Женева III на 29 јануари, пренесува Ал џезира. Само во Алепо загинале 58 цивили.

Ова вознемирувачко видео од Сирија го покажува спасувањето на едно мало момче од под урнатините во градот Алепо, но и голем број цивили што бегаат од воздушните напади на руските борбени авиони.

Коментари

Популарно