Марија Шерифовиќ со скандалозна изјава

Пејачката Марија Шерифовиќ изјавила дека сака да стане мајка, но само ако добие син бидејќи, како што изјавила, девојчињата се грозни.

marija-serifovic-foto-printskrin-1421346820-608100

- Мојата генерација е така – така, овие денешниве што доаѓаат се страшни! Јас на 16 години учев како да ставам влошка, а тоа што го прават денес на тие години е страшно. Затоа сакам син – изјавила во една емисија некогашната евровизиска победничка.

Марија кажала дека момче може да стане криминалец или хомосексуалец и повторила дека и покрај тоа за неа девојчињата се полоши. Таа додала дека е згрозена од денешните генерации.

-Никој ништо не чита, никој ништо не слуша, да не зборуваме за едукација и за одење в театар. Денес сите се свртени кон пиење алкохол и излегување на сплавови – заклучила Шерифовиќ.

Коментари

Популарно