Дали конечно ќе прекине врнежливото и облачно време?!?

Денеска е сабота, 13 февруари 2016 година, 44-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 322 дена.

vreme-dozd-620x400

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 34 минути, а ќе зајде во 17 часот и 2 минути.

Денов трае 10 часа и 28 минути.

Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 9 часот и 23 минути, а ќе зајде во 22 часот и 56 минути.

dozd-esen-infomaks-1

Временска прогноза

Скопје, 13 февруари 2016 - Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен дожд и засилен јужен ветер. Повеќе врнежи ќе има во западните делови (локално над 20 л/м2).

Температурата ќе се движи од четири до 14 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд и засилен јужен ветер.

Температурата ќе достигне до 13 степени.

До понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и умерен до засилен јужен ветер. Повеќе врнежи ќе има утре во западните делови, каде локално се очекува да наврнат над 20 л/м2. До среда температурите ќе бидат во постепен пораст.

Коментари

Популарно