НАЈЛОШ ФИЛМ: "Педесет нијанси на сиво", добитник на Златна Малина во 5 категории!

59-nijansi-siva-foto-printscreen-1456657928-853311

филм

Фолмскиот хит "Педесет нијанси на сиво", ја освои наградата Златна Малина, која се доделува на најлошите филмски остварувања во минатата година, објавено на церемонијата во Лос Анџелес.

Филмската верзија на популарниот еротски роман на писателката Е.Л. Џејмс освои пет Златни малини, вклучувајќи ја и онаа за најлош филм, сценарио, главна машка улога, главната женска улога и актерска двојка.

Победниците кои обично не доаѓаат на церемонијата на доделувањето, добиваат скулптури во вид на малини со големина на топче за голф. Офарбано е со златно жолта боја и чини 4,79 долари. До сега, единствените "победници" кои дошле на церемонијата, биле Сандра Булок и Хали Бери.

Коментари

Популарно