ИСИС: Ги вадат органите од "неверниците" за да ги спасат "верниците"

Вадењето и меѓународната трговија со органите на загинатите во борбите или на заробените „отпадници од вистинскиот ислам“ прераснаа во просперитетен бизнис на калифатот на исламската терористичка парадржава во Сирија и во Ирак, вели шпанскиот весник Мундо.

Весникот го пренесува сведочењето и информациите дека Исламска држава ги принудува заробениците да даваат крв и дека оние што ќе ги осуди на смрт претходно ги подложува на операции за вадење органи во специјално опремени клиники. Вадењето на органите на убиените „неверници“ најпрво во јануари 2015 година почнало во болниците во големиот ирачки град Мосул, кој го држи Исламска држава, и тоа се чува во тајност.

„А штом пристигнаа во Мосул, џихадистите стрелаа голем број лекари и болничари што одбија да го прават тоа“, ги пренесува шпанскиот весник сведоштвата на безбедносните претставници во Багдад и на оние што успеале да побегнат од Мосул и сега на интернет објавуваат што навистина се случува.

p01yptsv

Мундо во обемен извештај од Каиро наведува дека лично Абу Бакр ал-Багдади, самопрогласениот калиф на Исламска држава во Сирија и Ирак, со верската наредба фатва наредил „здравите органи на отпадниците од верата да се вадат за да се спасат животите на вистинските побожни муслимани“, а сè попрофитабилната трговија со човечки органи се претвора во мошне профитабилен бизнис не само во терористичката парадржава, туку и за извоз во други земји.

Весникот го пренесува сведочењето и информациите дека Исламска држава ги принудува заробениците да даваат крв и дека оние што ќе ги осуди на смрт претходно ги подложува на операции за вадење органи во специјално опремени клиники.

Вадењето на органите на убиените „неверници“ најпрво во јануари 2015 година почнало во болниците во големиот ирачки град Мосул, кој го држи Исламска држава, и тоа се чува во тајност.

„А штом пристигнаа во Мосул, џихадистите стрелаа голем број лекари и болничари што одбија да го прават тоа“, ги пренесува шпанскиот весник сведоштвата на безбедносните претставници во Багдад и на оние што успеале да побегнат од Мосул и сега на интернет објавуваат што навистина се случува.

Мундо во обемен извештај од Каиро наведува дека лично Абу Бакр ал-Багдади, самопрогласениот калиф на Исламска држава во Сирија и Ирак, со верската наредба фатва наредил „здравите органи на отпадниците од верата да се вадат за да се спасат животите на вистинските побожни муслимани“, а сè попрофитабилната трговија со човечки органи се претвора во мошне профитабилен бизнис не само во терористичката парадржава, туку и за извоз во други земји.

„Во клиниката Ибн Сина во Мосул е поставено ново хируршко одделение со најсовремена технологија со цел да се вршат операции на вадење човечки органи, а пристап до тоа одделение имаат само странски лекари, кои ги донесе Исламска држава“, велат очевидци.

Коментари

Популарно