Се борела до смрт: Јелена крвава бегала од убиецот

Убиената српска пејачка, Јелена му пружила жесток отпор на напаѓачот кој крвнички ја удирал, за на крајот да го ададе фаталниот удар со тап предмет и телото да го фрли во канал и да избега.

jesa3

Телото на несреќната пејачка Јелена Крсмановиќ Марјановиќ од Борча, која исчезна во саботата беше пронајдено вчера околу 13 часот во канал под насипот во населбата Црвенка во Борча. Пејачката на Гранд била убиена со тап предмет, најверојатно чекан. Беше пронајдена на два километри од местото каде што била последен пат видена.

Курир.рс дознава дека се борела со напаѓачот, сета крвава бегала од него, но тој ја стигнал и ѝ нанел смртоносни повреди, ја фрлил во каналот и избегал.

Сопругот на Јелена. Зоран, неколку часа беше испитуван во полиција, која сè уште трага по напаѓачот.

Коментари

Популарно