Вељаноски: Избори на 5-ти јуни, ја повикувам опозицијата на фер натпревар!

trajko-veljanoski-515x272

Избори ќе има на 5 јуни, не постои ниту една уставна опција за поместување на датумот, тврди претседателот на Собранието Трајко Велјаноски. Тој ја повика и опозицијата да учествува на изборите, бидејќи сите услови од Пржинскиот договор, според него се исполнети.

Иако Собранието е распуштено, Велјаноски уверува дека изборите ќе ги распише на 15 април. За универзитетскиот професор Светомир Шкариќ оваа одлука е неуставна, и земјата како што тврди, навлегува во правен вакуум.

Велјаноски вели и дека добил уверување од ДИК дека тие ќе ја завршат својата работа околу Избирачкиот список на време. Според него само 500 гласачи биле спорни, а во однос на 40 те илјади граѓани за кои уште не е расчистен сомнежот, бидејќи не биле најдени дома при теренската проверка, Велјаноски остава на комисијата да одговори.

Од ДИК нема одговори до каде се со прочистување на Избирачкиот список, иако велат почнати се со активности околу Роковникот за изборниот процес. До вчера комисијата се уште немаше усогласено методологија дали ќе ги чека граѓаните кои не отвориле врата на анктарите самите да се јават во подрачните одделенија на ДИК, дали нивните имиња ќе ги објави на Интернет или ќе побара институциите да утврдат каде се и зошто не соработувале.Се уште се чека и МВР целосно да ги заврши дополнителните проверки за вкупно 72 илјади гласачи за кои има сомневање за основата на издавање лични карти или пасоши. За сега е сигурно дека ќе се бришат 1129 гласачи за кои се утврдило дека се починати, а ги имало на избирачкиот список.

Коментари

Популарно