Дали ќе врне денеска?

dozd-cador

Денеска е понеделник, 11 април 2016 година, 102-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 264 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот, а ќе зајде во 19 часот и 10 минути.

Денов трае 13 часа и 10 минути.

Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 9 часот и 7 минути, а ќе зајде во 23 часот и 54 минути.

Временска прогноза

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но предпладне локално сеуште ќе има услови за слаб дожд, особено во крајните западни и источни планински предели. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти во интервалот од 6 до 13, а преку денот ќе се искачи од 13 до 21 степен.

Во Скопје слично време со температура од 9 до19 степени.

Од вторник ќе настапи период на стабилно и потопло време, освен во четврток попладне кога ќе има услови за локална нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Коментари

Популарно