Претпладне дожд, попладне сонце, но вистинското невреме доаѓа во...

10338347_10152133670416918_4109125461925776647_n

Денеска е петок, 29 април 2016 година, 120-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 246 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 33 минути, а ќе зајде во 19 часот и 29 минути.

Денов трае 13 часа и 56 минути.

Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее 52 минути по полноќ, а ќе зајде во 11 часот и 7 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремен слаб дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 14 до 18 степени.

Во Скопје слично време, претежно облачно со услови за сосема слаби врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до околу седум, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Во сабота ќе биде претежно сончево со појава на мала до умерена облачност, меѓутоа ќе се задржи претежно стабилно и потопло време со дневни температури од 18 до 25 степени.

Промена на времето се очекува од недела попладне, кога ќе има и локална појава на дожд со ретки грмежи коишто наместа ќе бидат поројни, особено кон крајот на денот и во вечерните часови. Повеќе врнежи се очекуваат во понеделник кон вторник кога ќе бидат и поинтензивни, а не е исклучено да има и над 50 литри на метар квадратен воден талог.

Коментари

Популарно