ВИДЕО: Пандев распали по Џиџи, Јонуз и Панчев

Играчот на Џенова и со година најдобар македонски фудбалер, а воедно и капитен на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, во интервју за ФФМ, односно како гостин во емисијата „Куќа на фудбалот“, отворено зборуваше за актуелната состојба во македонскиот фудбал, за иницијативата „Обединети за фудбалот“, „менаџерските игри“ на Мирсад Јонуз, негативната атмосфера околу репрезентацијата...

pandev-1

„Јас Дарко Панчев навистина го ценам за се што има постигнато како фудбалер, но мислам дека потоа тој ништо дополнително нема направено за македонскиот фудбал. Сега, гледам, за жал, е во некоја структура луѓе како Јонуз, Џиџи, Драган Томовски, Бунгуров. Па, доста е од овие луѓе повеќе. Доста е од овие луѓе, постарите. Треба да дојдат нови лица во фудбалот, Новески, Игор Митрески, Бајевски. Тие помлади лица му се неопходни на фудбалот, затоа што тој не е истиот како од пред десет или 20 години“

Коментари

Популарно