ФАРМАЦЕВТСКАТА КОМПАНИЈА НОВАРТИС, ВЧЕРАВЕЧЕР ПРОСЛАВИ 20. ГОДИНИ ПРИСУСТВО ВО МАКЕДОНИЈА!

novaris1

Новартис, една од водечките фармацевтски компании во Македонија и една од најголемите компании за иновации во светот на лековите и дијагностичките решенија, годинава прославува 20 години од својата работа во нашата земја. Со своите корпоративни операции во Македонија, во последните 20 години постигна значајни резултати во развојот и подобрувањето на третманот во многу области.

Свечено, со коктел и пријатна музика, вчеравечер во хотелот Мериот голем број на доктори, фармацевти, амбасадори, соработници, деловни партнери и пријатели беа дел од прославата.

novaris

„ Мисијата и целта на Новартис ја започнавме пред 20 години, тука во Македонија, а таа цел беше пациентот и достапоноста на иновативни лекови за него. Остваривме голем број на проекти, едукации и кампањи се за доброто на пациентите во Македонија и токму поради тоа на наша огромна чест и задоволство сакаме да го прославиме овој ден,заедно со вас“ – изјави Др.Јасминка Талеска, директор на претставништвото во Македонија.

Новартис е швајцарска мултинационална компанија основана уште во 1996 година. Секоја година Новартис инвестира во здравствената индустрија за значително подобрување на здравствените резултати, како и со продолжување на животниот век.

Коментари

Популарно