Топло и сончево денеска и викендов

vreme-sonc

Денеска е петок, 27 мај 2016 година, 148-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 218 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 3 минути, а ќе зајде во 19 часот и 58 минути.

Денов трае 14 часа и 55 минути.

Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе зајде во 10 часот и 1 минута.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 21 до 29 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала облачност и со слаб ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 27 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 8.

Најтопло ќе биде за време на викендот и во понеделник кога на повеќе места температурата ќе надмине 30 степени. Во недела попладне ќе има услови за локален пороен дожд со појава на грмежи.

Коментари

Популарно