ДЕФИНИТИВНО: Пејачката била убиена со...

Истрагата околу убиството на ѕвездата на Гранд Јелена Марјановиќ требаше да заврши многу одамна, а убиецот да биде сместен зад решетки, но се работи за добро испланиран чин. Пејачката е убиена со камен со големина од 20 сантиметри, кој убиецот претходно го донел на насипот во Борча каде е извршено убиството, утврдила истрагата. До ова сознание форензичарите дошле со детална обдукција на телото на Јелена, но и со внимателно истражување на местото на злосторот, во чија поширока околина не пронајден ниту еден камен.

12651032_756160877852771_4223221761263564264_n

Најпознатите српски криминолози тврдат дека ова е дефинитивно доказ дека убиството на Јелена Марјановиќ е внимателно подготвувано за да се тргнат сите траги и дека практично е извршено ритуално убиство.

-Врз основ на повредите на главата на Јелена е утврдено дека таа е убиена со поголем камен со неправилна форма кој во пречник е голем околу дваесетина сантиметри. Со детално истражување на теренот на насипот во Борча каде бил извршен злосторот утврдено е дека такви камења таму не постојат. Тлото на насипот е земјено, обраснато со трева, нема ниту поситни камења а камоли поголем со кој би можело да се смачка нечија глава“, открива еден од поискусните инспектори кој од почеток работи на овој случај и додава:„Тоа јасно зборува дека убиството е однапред планирано , дека убиецот го организирал до најситен детаљ целото убиство и дека практично ритуално го извршил. Најпрво пронашол камен, го донел на насипот, ја пречекал жртвата и брутално ја убил. Фактот дека одбрал да ја убие Јелена со камен зборува за доста интелигентна личност која знаела дека така најлесно ќе го скрие доказот со кој е извршено убиството. Не е исто да се убие човек со секира или чекан или обичен камен кој може да се пронајде било каде во природа и со самото тоа лесно да се камуфлира. Можете да го фрлите во река помеѓу другите камења и така да ја исклучите секоја можност истиот некогаш да биде пронајден“.

Коментари

Популарно