Месечен хороскоп за Јуни

h

ОВЕН

Поради многубројните обврски, во следниот месец ќе ви биде потребна подобра организација. Работните активности ќе бараат многу повеќе креативност. Немојте да се препуштате на рутинската работа. Подгответе се за нови потфати и за давање инструкции на соработниците. Ако сте во врска, ќе наидете на поддршка од саканото лице, а слободните Овни ги очекува романса.

БИК

Работата ве вика. Во последно време многу работите, но нови професионални задолжувања допрва ве очекуваат. Ригорозно ќе се придржувате до дневната рутина за да ги постигнете саканите резултати, но трудот

ќе ви се исплати. Вашите претпоставени ќе знаат да ја ценат вашата креативност и вредност. Избегнувајте расправии со саканото лице. Одвојте малку време за релаксација. Часови по јога или посета на спа-центар многу би ви годеле.

БЛИЗНАЦИ

Не отстапувајте од своите амбиции и цели поради малите деловни неуспеси и судирот со колегите. Кога е работата во прашање, овој период не е најповолен, но не грижете се, нема долго да трае. Пријателите и членовите на семејството ќе се потпрат на вас. Бидете стрпливи во разговорите со нив. Ако е потребно, делете љубовни совети – вам нема да ви биде тешко, зашто вашата романтична врска сега е совршена.

РАК

Си поставивте високи цели. Без оглед на амбициозноста, која не ви недостига, не преземајте премногу обврски. Многу работа негативно влијае на вашето здравје, а може да направите и некои грешки. Пријателите ви замеруваат што немате време за нив. Покажете им колку ви значи дружењето за време на викендите. Ќе запознаете личност која може да заземе важно место во вашиот живот.

ЛАВ

Ладните денови по летните авантури повторно ја разбудија амбициозноста во вас. Овој период ќе бидете многу организирани, одговорни, а својата креативност ќе ја покажувате во секоја професионална обврска. На богатиот социјален живот многумина можат да ви позавидат, а ќе ве изненадат и убавите гестови на пријателите – на тој начин ќе ви се заблагодарат за некои минати услуги. Уживате во љубовта.

ДЕВИЦА

Ќе имате големи идеи, со кои ќе се докажете на работното место и ќе блеснете меѓу сите други. Ова е твојот месец во многу полиња. Ќе имате целосна контрола врз себе и она што го сакате. Ќе постигнувате мали и големи цели, без воопшто да мора да давате се од себе – работите ќе се случат сами. Месец јуни ќе биде многу силен и на личен план. Нервозите и флуктуациите ќе исчезнат, а на нивно место ќе се појави човек кој ќе го види во вас исклучително важна личност. Искористете го моментот и направете чекор кон него и сè ќе се развие повеќе од добро.

ВАГА

Во овој период ќе се видите себеси во сосема ново светло. Влијанието на Сонцето на вашиот знак ќе разбуди во вас добра волја, амбициозност и оптимизам. Неверојатна позитивна енергија ќе раширите и на вашите соработници, а пријателите и семејството ќе ве поддржат да ги остварите целите што сте ги поставиле. Ако сте во љубовна врска, односот со партнерот ќе ви биде добар, а слободните ваги тој статус ќе го задржат уште некое време.

СКОРПИЈА

Секојдневните семејни обврски и работните задачи влијаат исцрпувачки на вас. Ви се чини дека немате време за опуштање. Потрудете се да организирате викенд-дружење со пријателките, посета на некој спа-центар или барем прошетка во природа. По краткиот одмор ќе ви врати енергијата, а работните цели лесно ќе ги остварите. Можно е да добиете унапредување во периодот што следува. Имате поддршка од партнерот.

СТРЕЛЕЦ

Работните обврски ви стануваат здодевни. Време е за краток одмор и возбудливо патување. Ќе се вратите полни со позитивна енергија, со нови идеи, а нивната реализација ќе биде забавна. Ова би можел да биде кризен период за лицата што се занимаваат со уметност. Вашиот приватен живот е доста бурен, а во периодот што следува ќе запознаете многу нови луѓе. Личност од машки пол што ви се претставува како пријател би можел да ви стане нешто повеќе.

ЈАРЕЦ

Најуспешниот месец за вас во оваа година ќе биде јуни. Имате толку многу предуслови да создадете чуда а ќе е големо чудо, ако не го направите. Ќе имате многу сила, мотив и инспирација и никој нема да може да ве спречи да го направи она што сте си наумиле. Во приватниот живот ќе добиете се што сакате. Директни сте, знаете што сакате и како да го постигнете тоа. Ќе оставите одличен впечаток на неколку многу важни луѓе со кои дури може да имате деловни односи во подоцнежна фаза. Одиграјте со картите правилно, оти сите адути се во вас.

ВОДОЛИЈА

Ако сте во потрага по работа, ова е идеално време да ја остварите својата цел. Вработените Водолии ќе ги претстават своите идеи кои ќе наидат на поддршка од претпоставените. Многу ќе работите, а ве очекува

и добра заработувачка. Саканото лице ќе ви замери зашто малку време поминувате заедно, а можен е и

раскин на врската. Без оглед на обврските, потрудете се повеќе време да поминувате со пријателите и со членовите на семејството.

РИБИ

Секојдневието ќе ви се претвори во рутина. Многубројните работни обврски ќе влијаат исцрпувачки, но тоа не е оправдание да ги избегнувате пријателите. Финансиската ситуација ви дозволува одмор, затоа опуштете се некаде со пријателите или со саканото лице. Ако во вашата врска доминираат конфликти, време е да ги окончате, а слободните Риби ќе запознаат интересна личност која се крие меѓу новите соработници.

Коментари

Популарно