Денеска пеколно, од утре разладување

287356-pekolno-zheshko-za-prodolzheniot-vikend

Денеска е сабота, 25 јуни 2016 година, 177-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 189 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 59 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути.

Денов трае 15 часа и 14 минути.

Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее во 23 часот и 30 минути, а ќе зајде во 10 часот и 2 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност и слаб ветер претежно од источен правец.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 31 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност и слаб ветер претежно од североисточен правец.

Температурата ќе се движи од 20 до 37 степени.

Од недела до вторник во попладневните часови ќе има појава на пороен дожд и грмежи, а дневните температури ќе опаднат за околу 5 степени.

Коментари

Популарно