Илхами Бали (Ебу Бекир) е мозокот на ИД за крвавиот напад на аеродромот во Истанбул

Турската полиција се сомнева дека “мозокot на нападот” на аеродромот е Илхами Бали, алијас Ебу Бекир, кој важи за главен човек на Исламската држава во Турција, пишува германски Билд.

Полиција трага по организаторите на нападите на најголемиот аеродром во Турција, а многу знаци упатуваат на адресата на ИД. Ако се обистинат информациите, тогаш веројатно е вмешан овој човек.

ilhami-bali-organizator-napadi-01-300x168

Постојат сомневања дека Илхами Бали важи за највисок командант на ИСИС во Турција. Тој, меѓу другото, го наредил и нападот на 12. јануари во Истанбул, во кој загинаа 12 лица. Бали организирал и шверц на борци и материјали од Турција во Сирија за потребите на ИСИС.

Џихадистот, чие борбено име во ИСИС гласи Ебу Бекир, и кој се наоѓа на листата на терористи во Турција, важи за лице со добро организирана мрежа. Според тврдењата на турската полиција, организирал транспорт, односно шверц на ранети припадници на ИСИС во турски болници во граничните градови Килис, Газиантеп и Санлиурфи.

4.bild_-300x200

Турските медиуми информираат дека тој го организирал и нападот на двајца бомбаши самоубијци во Анкара на 10. октомври 2015. година. Станува збор за терористички напад на демонстрациите на прокурдската партија ХДП, во кој биле убиени 103 лица, додека 400 биле повредени.

2w985c0.bild_-300x169

Според информациите на турската разузнавачка служба, во меѓувреме бил ослободен од должноста командант за границата со Турција и моментално се наоѓа во Рака, центарот на Исламската држава. Се претпоставува дека сè уште е во контакт со мрежите во Турција. Доколку врвот на ИСИС решил да изведе нов напад на територијата на Турција, тогаш многу е можно Ебу Бакир да бил главниот планер. Бекир се наоѓа на потерница издадена од турските власти, а има и награда од 1,4 милиони долари за било каква информација која ќе доведе до апсењето на овој озлогласен терорист.

Коментари

Популарно